Апликативен софтвер

ДИГИТ компјутерски инженеринг
епсон сервис

Деловен експерт

Деловен Eксперт е апликативен пакет за деловно рaботење составен од повеќе интегрирани модули со комплетно автоматизиран меѓусебен проток на информации. Со користењето на Деловен Експерт Вашето време и труд посветени на донесувањето стратешки и навремени одлуки за Вашата компанија ке биде значително намалено и далеку поефикасно. Апликативниот пакет ги следи најмодерниите информатички текови, како во начинот на кој е изработен така и во начинот на користење на истиот. Пакетот може да работи на Microsoft Windows 98/2000/XP/2003 платформа, односно на најшироко распространетите оперативени системи во светот, меѓудругото Владата на Република Македонија потпиша и официјален договор со Microsoft со што оваа платформа стана и официјална за државните служби. При креирањето на програмите се запазени стандардите за лесно користење на истите или информатички кажано истите се „user friendly„.

Човечки ресурси и пресметка на плати

Web базирано решение за администрирање на човечките ресурси во рамките на една компанија Дигит компјутерски инженеринг својата палета на апликативни софтверски решенија, меѓу кои и модулот за пресметка на личен доход, ја комплетираше со создадавање на апликативното решение за менаџирање на човечките ресурси во дадена компанија. Софтверот е изработен согласно барањата на клиентите кои имаат потреба од автоматизирање на процесите поврзани со оваа проблематика, а гарант за неговиот квалитет е долгогодишното искуство на Дигит компјутерски инженеринг на полето на создавање и имплементирање на интегрирани деловни информатички системи.

 

Амбулантна продажба

Апликативен софтвер наменет за мобилни уреди од типот на PocketPC и SmartPhone – чија цел е да ја направи дистрибуцијата на вашите производи поефикасна и поверодостојна. Апликацијата е прилагодена кон димензиите на мобилниот уред, при што работните форми се дизајнирани со особено внимание како би можеле да бидат што поедноставни и поинтуитивни за користење. Софтверот за евиденција на дистрибуција овозможува креирање на документи на терен и нивна наплата проследена со печатење и фискализирање. Акциите на печатење и фискализирање се изведуваат безжично.

Модул за ресторанско работење

Софтверот за ресторанско работење претставува ефикасна алатка за управување со ресторан која обезбедува околина за брзо и едноставно опслужување на гостите. Решението е прилагодено за користење на екран на допир со едноставен и оптимизиран кориснички интерфејс. Интегриран е и модул за брзо опслужување на гостите преку користење на рачни терминали за прибирање на нарачките и нивно реално временско проследување кон кујната или шанкот.

Модул за попис на основни средства

Софтверот за попис на основни средства претставува апликативно, програмско решение кое им овозможува на корисниците лесно, брзо и ефикасно попишување на основните средства во рамките на нивната компанија. Проблемите кои со себе ги носеа досегашните начини на попишување на физичките објекти се надминати со решението кое ние го нудиме. Можностите за настанување на било какви грешки се минимизирани и речиси комплетно е отфрлен човечкиот фактор како најчест иницијатор на грешки.

Модул за евиденција на влез на роба во магацин

Со апликативното софтверско решение за евидентирање на влез на роба во магацин, на нашите клиенти им нудиме алатка за брзо и ефикасено надминување на секојдневните проблеми иницирани од хаосот кој се јавува при недоволно организираното и контролирано магацинско работење.Можноста за скенирање на баркод лабели од страна на терминалот претставува огромно олеснување во начинот на внесување на податоци во еден информационен систем. Она што системот го прави навистина веродостоен е што самото креирање на документот кој кореспондира со дадениот влез на роба, како и додавањето на ставките кон документот е тесно поврзано со директно скенирање на физички присутната роба. Во ист чекор се создава документот и се контролира пристигнатата роба.

Модул за евиденција на работно време и контрола на пристап

Апликативното софтверско решение претставува алатка за евиденција на работното време во рамките на Компанијата. Функционалните модули кои ги содржи апликацијата се следниве: – Работно време (евиденција/регистрација влез/излез, мониторинг, прегледи, извештаи)
– Посетители (евиденција на посетители)
– Матични податоци (вработени, картички, орг. единици, уреди …)
– Администрација на корисници/улоги/дозволи. Главна улога на системот е прибирање на податоците за корисничките регистрации за влез/излез во фирмата и нивно ефикасно, реално временско мониторирање. Регистрациите за влез и излез на вработените во фирмата може да бидат иницирани преку уреди за електронска евиденција или пак апликативно користејќи го софтверскиот модул за електронска евиденција. Во случај на пропуштена регистрација на вработениот во системот, обезбедени се функционалности со кои операторот на системот може да врши дополнителни интервенции и корекции во записите со цел комплетирање на циклусот на настани влез/излез на дневно ниво.