За нас

Во светот денес ИТ не е само кратенка, туку е и дел од нашите секојдневни животи. Веќе со години компјутерите го менуваат начинот на кој комуницираат луѓето, на кој функционираат бизнисите, а општествата еволуираат.

Основана речиси пред дваесет години, во време кога модерната технологија се уште беше научна фантастика,
Дигит компјутерски инженеринг е пионер и служи како пример во брзиот развој на ИТ секторот во Македонија.
Иако нашата компанија преживуваше во сурови геополитички превирања, сепак ја зачува улогата на водач во
динамичниот ИТ сектор кој секојдневно се менува.

Дигит компјутерски инженеринг отсекогаш се стремела кон стабилен развој и напредок преку спроведување
најсовремени концепти како што е постојано образование на човековите ресурси. Пристапот на нашата компанија се базира на искористување на сеприсутноста на ИТ со цел да се подобри конкурентноста на нашите бизнис клиенти и да се одговори на животниот стил на нашите крајни корисници. Како клучен фактор за развој, ефикасност и подобар квалитет на животот, информациската технологија е во самата основа на нашиот бизнис модел.

Нашата цел е да им обезбедиме на клиентите важни компоненти за рационализирање на бизнис процесите,
подобрување на успешноста и одржливоста, поттикнување на развиток и охрабрување на иновациите. Според нас, партнерството не е само долгорочна врска, туку е, пред сè, волја да им се помогне на клиентите во нивниот развој.

digit logo Ace

Ова го постигнуваме преку динамични решенија што еволуираат со времето и со потребите на клиентите.
Што се однесува до хардверот, нудиме најсовремени производи од водечките меѓународни производители,
вклучувајќи ги Epson, Genius, HP, Xerox, Fujitsu и Honeywell. Нашата понуда вклучува сè, почнувајќи од печатачи, POS терминали и големоформатни печатачи, преку бар-код читачи, придружни компјутерски делови и мрежна опрема, па сè до преносни компјутери, сервери и најмодерни работни станици. Исто така, даваме целосна гаранција, постгаранција и целосни сервисни решенија исклучиво базирани на оригинални резервни делови од самите производители.

Покрај широкиот спектар на хардверски производи, имаме и софтверски инженеринг тим којшто изработува
апликативен софтвер по порачка на клиентите. Како клучна компонента на денешниот бизнис, ERP софтверот  е нашата главна експертиза.

Помеѓу другите услуги, нудиме модули за човечките ресурси, финансии, сметководство и производство според потребите и по нарачка на клиентите. Конвергентност од повеќе технологии исто така е битен дел од нашиот бизнис затоа што нашата цел се решенија што опфаќаат многубројни аспекти од различни технологии. Нашите безжични рачни терминали што работат на апликативен софтвер по порачка се примери на таквата конвергентност.

Дигит компјутерски инженеринг е тука за Вас, подготвен да го започне патувањето на долгорочното партнерство.

Се надеваме дека нашите услуги Ви одговараат и дека нашата волја за иновација ја одразува Вашата желба за
понатамошен развој. Погледнете ги и другите делови од нашиот каталог за да дознаете повеќе за нашата понуда и за она што можеме да го направиме за Вас и за Вашиот бизнис.

 

ДИГИТ компјутерски инженеринг
епсон сервис