Паметен дом

ДИГИТ компјутерски инженеринг
епсон сервис

 

PAMETEN-DOM

Паметен дом


Smart home е автоматизација во вашиот дом која е целосно интегрирана со куќните уреди. Под Smart home се подразбира: централизирана контрола на осветлување, клима (греење, вентилација и климатизација ) , апарати , безбедност, брави од портите и врати и други системи, за да се обезбеди подобрување на удобноста , енергетската ефикасност и безбедноста во вашиот дом.imageedit_12_5854616601

 

Популарноста на smart home се зголемува во голема мера во последниве години и се должи на многу високата достапност и едноставност на функционирање преку smartphone и таблет. Концептот на “Интернет на нештата” е врзан во тесно со популаризацијата на home automation .

Smart home системот ги интегрира електричните уреди во домот едни со други. Автоматизацијата вклучува контрола на домашни активности , како што се домашни системи за забава (аудио/видео) , наводнување на дворот , хранење на миленичиња , менување на амбиентот “сцени ” за различни настани (како на пр. вечери или забави) , како и користењето на кујнски роботи . Уредите може да бидат поврзани преку компјутерска мрежа или безжично, се со цел да се овозможи контрола од централен ресивер/рутер или персонален компјутер, и може да овозможи  далечински пристап од интернет. Преку интеграција на информатички технологии со домашна средина , системите и апаратите се во можност да комуницираат  меѓусебно, што резултира со енергетската ефикасност и безбедност.