Дигит

. . Ние не продаваме производ туку решение за Вашиот деловен проблем или потреба. . . . .ShowImage

Дигит компјутерски Инжинеринг е една од водечките македонски компании во областа на ИТ. Од нејзиното основање во 1990 – та година бележи постојан раст и развој, следејќи ги врвните светски достигнувања од ИТ и инкорпорирајки ги во својата деловна политика и во своите техничко – технолошки решенија и понуди. Прогрес во користењето на најновите техничко – технолошки решенија, значи оптималност при избор на истите, имплементација во тековните деловни процеси, континуирана едукација на човечките ресурси.

Согласно тоа, основната определба на нашето работење во текот на сите овие години беше и сеуште е:

– 100% поддршка на нашите корисници, решенија “клуч на рака”, во делот на проектирање, испорака на информатичка опрема, инсталација, сервисирање и изработка на апликативни решенија.

– постојана едукација на вработените, потврдена од реномирани светски производители на ИТ опрема

– целосна подршка на нашите партнери, оптимизирајќи ги процесите во дистрибутивниот ланец, со што би им помогнале во создавање на конкурентска предност на пазарот

– имплементација на нови програми и производи со цел да добиеме задоволни корисници, на секое место и во секое време.

Интересите на нашите корисници отсекогаш биле во центарот на нашите деловни активности. Знаеме колку е тешко да се освои и задржи довербата на потрошувачите. За таа цел Дигит компјутерски Инжинеринг располага со добро опремен сервис, оригинални резервни делови, високо стручен персонал, посебно едуциран за различни програми и се грижи за функционалноста на опремата во гарантен и пост гарантен период.

Со цел да се комплетира инженерингот, потребен за целосно опслужување на потребите на одреден корисник, во Дигит компјутерски Инжинеринг функционира софтверски тим кој развива и усовршува апликативен софтвер за деловно работење и посебни намени, почнувајќи од модулот за регистрација на работното време и пристап, финансиско работење, комерцијално и материјално работење, благајничко работење, личен доход и основни средства, следење на производството низ сите негови фази, дистрибуција и амбулантна продажба итн., користејки ги при тоа најновите трендови на безжична комуникација и трансфер на податоци. Модулте се изработени согласно современите информациски текови, користат стабилни бази и во нив се вградени бројни искуства од бројните проекти за успешно пресретнување на корисничките барања и потреби.

ShowImage1Дигит компјутерски Инжинеринг е авторизиран дистрибутер и сервисен центар за Македонија на следниве реномирани производители:

Epson – матрични печатачи, инкџет печатачи, ласерски печатачи, Pass book печатачи, скенери, видео проектори, големо форматни печатачи за графика, ПОС опрема, мулти – функционални уреди, оригинални потрошни материјали.

Metrologic – бар код скенери, индустриски скенери, рачни терминали

Genius – глувци, џојстици, звучници (звучни кутии), таблети, скенери, тастатури

Star Micronics – ПОС печатачи, фиоки за пари, кориснички покажувачи, PASS Book печатачи, Лабел печатачи.

D – Link – ADSL, безжичана мрежа, интернет излез, интернет безбедност, ISDN рутери, жичана мрежа, мобилно вмрежување, УСБ периферии, принт сервери. Следните светски брендови се исто така вклучени во нашата продажна палета.

Fujitsu siemens,HPIBMDELL – преносни компјутер, работни станици, сервери, бекап единици, системи за база на податоци, системски ракови, монитори, инкџет печатачи, ласерски ппечатачи, скенери, потрошен материјал, дигитални камери, APC, Netys – уреди за непрекинато напојување.

Основни начела во работењето на Дигит компјутерски инжинеринг се:

Одговорност – Ние ги исполнуваме нашите ветувања, кон нашите партнери и соработници. Секој од нас е одговорен за себе и за својата работа, но и за успехот на компанијата во целост.

Почит и доверба – Знаеме дека довербата е основа нa секој квалитетен деловен однос. Целосно го почитуваме интегритетот, индивидуалноста, различните мислења, култури и обичаи.

Претприемливост – Вашите потреби ги знаеме однапред, и затоа секогаш имаме решение. Ако времето е единствен ресурс кој не е обновлив, мерило на нашиот успех е вкупното време на реакција, од информација преку одлука до конечен резултат.

Ориентација кон партнери и купувачи – Ефикасност и ефективност се клучните фактори за создавање доверба кај нашите клиенти. Ориентирани сме кон остварување на нашата цел, а таа е целосен успех и задоволство на нашите партнери и купувачи.

Иновативност – Ентузијазмот, интересот да се открие непознатото, да се решат загатките, инвентивниот немир и прифаќање на нови идеи е она што не води напред. Новите проблеми за нас претставуваат предизвик, кому прио|аме со отворен ум, пронао|ајки решенија кои ги унапредуваат постоечките процеси и процедури. Со создавање нови начини на задоволување на потребите на нашите потрошувачи ние создаваме нови, дополнителни вредности.

Да се постигне повеќе, побрзо и подобро секогаш било стремеж на нашето работење. Високиот квалитет на производите и услугите што ги нудиме, темелните вредности и начела на кои почива нашето работење е предуслов да се биде ме|у најдобрите. Ние сме подготвени да направиме многу за Вашиот избор на ИТ партнер биде Дигит компјутерски Инжинеринг.

ДИГИТ компјутерски инженеринг
епсон сервис