Деловен експерт

 

Комплетно софтверско решение за Вашето деловно работење

Деловен Eксперт е апликативен пакет за деловно рaботење составен од повеќе интегрирани модули со комплетно автоматизиран меѓусебен проток на информации. Со користењето на Деловен Експерт Вашето време и труд посветени на донесувањето стратешки и навремени одлуки за Вашата компанија ке биде значително намалено и далеку поефикасно.

 

 

Апликативниот пакет ги следи најмодерниите информатички текови, како во начинот на кој е изработен така и во начинот на користење на истиот. Пакетот може да работи на Microsoft Windows 98/2000/XP/2003 платформа, односно на  најшироко распространетите оперативени системи во светот, меѓудругото Владата на Република Македонија потпиша и официјален договор со Microsoft со што оваа платформа стана и официјална за државните служби. При креирањето на програмите се запазени стандардите за лесно користење на истите или информатички кажано истите се „user friendly„ кон корисниците. Податоците кои се обработуваат во апликацијата се чуваат во една од најраспространетите, најстабилните и секако најсигурните бази на податоци, односно сервер базата Microsoft SQL Server 2000/2005. Базата на податоци се конфигурира од страна на пакетот да сама прави backup постапки временски контролирани, со што се намалува ризикот од човечка немарливост.

ДЕ преставува модуларна целина, составена од функционални единици, кои покриваат одредена област од деловното работење. Модулите помеѓу себе се логички поврзани и во зависност од конкретната проблематика, овозможено е движење на податоци помеѓу нив, како при автоматското книжење.

ДЕ ги покрива потребите почнувајќи од планирање, инвестииции-буџет на фирмата за одреден иден период, набавка на потребните  материјали кои се потребни во процесот на работењето на една команија, нивно нормативно искористување следејќи го ефикасно патот по кој тоа средство се движи во компанијата се до негова продажба или инволвираност во процесот на производство и добивање на готов производ кој понатаму се   пласира на пазарот како високо квалитетен производ. Сиот овој процес е брз и едноставен за следење заради моќноста и автоматизираноста на ДЕ.

Во себе ги содржи следниве модули:

 

МОДУЛ ОПИС
Матични податоци Модул во кој се евидентираат, сите матични податоци со кој се работи во целокупниот пакет, како што се

 

v       Деловни партнери

v       Артикли

v       Групи на артикли итн.

 

ДЕ располага со механизам за поставување хиерархиска структура на податоците и дава можност за слободна организација на податоците што се значајни за ефикасноста на Вашето секојдневно работење.

 

Материјално и комерцијално работење  Модул во кој се извршуваат сите акции поврзани со набавка на роба, продажба, следење на залиха и др.

 

v       Прием на роба

v       Калкулација

v       Излез

v       Фктурирање итн.

 

 

Преку овој модул на ДЕ се покрива целокупната работа на комерцијалистите од примање на порачки од внатрешниот сектор, побарувањата кон надворешните субјекти (добавувачите), прибирање на понуди, помошен механизам за одлука според своеизбрани критериуми за конкурентност како и самата набавка на потребните материјали. Со овој механизам ДЕ им нуди комплетен и веродостоен увид во состојбата на пазарот, како и увид во брзината на испорака, со што компанијата оддалеку може да си ги планира и поставува нормите во процесот на производство.

 

Финансово работење Следење на состојбата на финансиските текови во компанијата, формирање на финансиски налози, изработка на завршна сметка. Нуди можност за координирање на материјалните трошоци во компанијата како и приливот на пари (кеш, чек, слип) во фирмата и нивна детална финансиска слика.

 

v       Финансиски денарски налог

v       Финансиски девизен налог

v       Финансиска картица

v       Спецификација на конто

v       Бруто биланс итн.

 

Благајничко работење 

 

 

 

Кординирање на материјалните трошоци во компанијата, следење на благајна за дневен промет,спецификација на чекови итн.

Личен доход

Пресметка на личен доход и персонална евиденција на вработените во компанијата.

 

v       ПДД-МП

v       ПДД-ГИ

v       ПДД-М4 итн.

 

Процесот на пресметка на плата во себе вклучува обработка на податоци колектирани од повеќе модули како што се модулот за регистрација на работно време на вработениот преку електронски картички, модулот за  автоматско генерирање на сменски план и распеделба на вработениот по организациони единици и сменско работење. Со пресметката на плата следува и автоматско генерирање на електронскиот фајл за ПИОМ.

 

Присутноста на модулот за управување со човечки ресурси (Human Resources Management System) со кој се врши следење на сите промени во историјата за еден вработен (промена на функција, организациона единица, основна плата, смена,…) ја дава комплетната слика за моменталната состојба на еден вработен.

 

Основни средства

 

Евиденција на основни средства со кои располага компанијата. Пресметка на амортизација, ревалоризација и ревалоризација на амортизација.

 

v       РЕВ 2

v       РЕВ 3

v       РЕВ 4

 

 

 

CASE STUDIES

 

Рудник Саса – Македонска Каменица

 

После анализата на работењето и потешкотиите со кои се среќаваа менаџерскиот тим како и вработените во рудникот Саса, нашиот високо стручен софтверски тим создаде проект кој што го осовремени и помогна рестартирањето на еден од најбогатите рудници во Р. Македонија, рудникот за олово и цинк Саса. Поставивме комплетно мрежно и софтверско решение со кое рудникот сега го контролира процесот на производство и воедно прави ефикасен експертски план за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и професионализмот.

 

Придобивки од користењето на овој систем:

 

– Целосна централизираност во работата на рудникот

– Повеќекориснички концепт на работењето – Висок степен на веродостојност и конзистентност на податоците

– Зголемена ажурност и намалување на секојдневните обврски на вработените

– Архивирање на податоците за целосен увид во историјата на работењето

– Моќен механизам за предвидување, анализи и планирање за зголемување на продуктивноста

– Професионална брза и ефикасна услуга кон клиентите

– Комплетно мрежно решение за тешко достапни локации

ДИГИТ компјутерски инженеринг
епсон сервис