Дигит компјутерски инженеринг е компанија која се занимава со развој на апликативен софтвер за посебни намени, како и готов интегриран софтверски пакет – Деловен Експерт. Тој претставува ЕРП софтвер кој содржи модули за финансово, материјално и комерцијално работење, производство, пресметка на личен доход и менаџирање на човечки ресурси, следење на основните средства, малопродажба…
Дигит компјутерски инженеринг е авторизиран дистрибутер и сервисен центар на повеќе реномирани светски произведители на информатичка опрема, како, Epson, Honeywell, Toshiba TEC, Zebra, ELO Touch systems, Datalogic, Genius, Gtec, SCC, DSIC, Catchwell, Dicota, ScreenLine и други. Исто така,обезбедуваме солидна поддршка и на многу други докажани брендови од ИТ светот како IBM, HP, Fujitsu, Zyxel, D-Link, Cisco, DELL.
Во рамките на Дигит компјутерски инженеринг, функционира модерен и адекватно опремен сервис со најсовремена сервисна техника и технологија за дијагностика и сервисирање на уредите од повeќе продажни програми. Во рамките на листата на програми, кои се предмет на функционирање на сервисниот центар на Дигит компјутерски инженеринг забележливи се: Epson, Honeywell,Genius, Star Micronics.